Путин: Не се залагаме за пауза туку за конечен крај на конфликтот во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин/EPA-EFE

Целосен и конечен крај на конфликтот со Украина – ниту примирје, ниту пауза. Вака го опиша планот за кој се  залага, претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој овој став го искажа на прес-конференција по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Ние секогаш сме заземале став дека сме за дипломатско решение на конфликтот, но постојано слушаме од спротивната страна дека не сакаат конфликтот да се реши на тој начин, додека спонзорите на конфликтот се обидуваат да го искористат украинскиот народ како жртва за борбата против Русија, истакна Путин.

Тој се осврна и на односите помеѓу Русија и Европска Унија, нагласувајќи дека се „на најниска точка“, а посетата на Орбан на Москва ја гледа како обид за обновување на дијалогот со ЕУ.

Путин тричасовната средба со Орбан ја оцени како корисна и му се заблагодари за посетата. “

– За Европа мирот е најважната работа. Ние ја гледаме борбата за мир како главна задача во текот на следните шест месеци од нашето претседавање (со Советот на ЕУ), посочи Орбан.

Тој истакна дека Унгарија претседавањето со Советот на ЕУ го смета за мировна мисија.

– Потребни се многу чекори за да се стави крај на војната, но ние го направивме првиот чекор за да го вратиме дијалогот, истакна Орбан.

Тој додаде дека Европа живееме во сенка на војната.

– Тоа предизвикува огромни тешкотии во Европа. Не можеме да се чувствуваме безбедни. Гледаме слики од уништување и страдање. Оваа војна почна да влијае на економскиот раст и нашата конкурентност, наведе Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот