Путин: Не е можен прекин на огнот пред почетокот на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин/EPA-EFE

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека не е возможен прекин на огнот пред да почнат мировни преговори со Киев.

„Едноставно не можеме сега да прогласиме прекин на огнот со надеж дека другата страна ќе преземе некои позитивни чекори, посочи Путин.

Тој додаде дека е неопходно Украина да се согласи да преземе чекори што се неповратни и прифатливи за Русија.

„Не можеме да дозволиме непријателот да го искористи овој прекин на огнот и потоа да ја подобри својата позиција – да се вооружат, да се опремат со помош на присилна мобилизација и да се подготват за продолжување на вооружениот конфликт, истакна Путин.

Според него невозможно е да се стави крај на конфликтот со Украина преку посредници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот