Путин: Кина и Русија постапуваат во согласност со сопствените интереси, тоа не е против други земји

Владимир Путин и Си Џинпинг во Пекинг / Фото EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Претседателот Владимир Путин во разговор со кинескиот лидер Си Џинпинг во Астана рече дека земјите што ги водат постапуваат во согласност со нивните сопствени интереси – и дека тоа не е насочено против која било друга земја, пренесува „Гласот на Америка“.

Двајцата државници разговарале и за Украина и се согласиле дека мировните преговори без присуство на Русија се залудни, изјави Дмитриј Песков, медиумски претставник на рускиот претседател.

„Во контекст на Украина, беше забележана бескорисноста на какви било формати без руско учество“, рече Песков.

Кси и Путин се сретнаа на самитот на евроазискиот безбедносен и одбранбен блок, кој Москва и Пекинг го гледаат како средство за спротивставување на влијанието на САД и нивните сојузници.

Станува збор за организација создадена како „Шангајска организација за соработка“, основана во 2001 година, која ја сочинуваат Русија, Кина и земјите од Централна Азија.

Организацијата се залага за формулирање заеднички пристапи кон надворешните безбедносни закани, фокусирана е на спротивставување на внатрешните нестабилности и проширување на своето влијание низ Азија.

Во разговорите учествуваат и Бахреин, Камбоџа, Египет, Кувајт, Мјанмар, Непал, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Кина и Русија прогласија таканаречено партнерство без граници во февруари 2022 година, кога Путин го посети Пекинг. Тоа се случи неколку дена по почетокот на агресијата врз Украина.

Оттогаш, Кси и Путин го продлабочија своето партнерство. Двајцата лидери веруваат дека ерата по Студената војна, во која веруваат дека доминираат САД, пропаѓа, се вели во написот на „Гласот на Америка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот