Путин до Шолц: Викендов ќе се одржи третата рунда разговори меѓу Русија и Украина

Олаф Шолц канцелар на Германија/ EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц му кажал дека викендов ќе се одржи третата рунда од разговорите меѓу делегациите на Русија и Украина , пренесе Укринформ, повикувајќи се на германската Влада. Разговорот меѓу двајцата траел еден час.

Канцеларот Шолц го повикал руското раководство веднаш да ги прекине сите непријателства и да обезбеди хуманитарен пристап до областите погодени од војната.

„Претседателот Путин го информира германскиот канцелар дека Русија и Украина за викендов планираат трета рунда разговори”, се наведува во соопштението.

ДПА наведува дека Путин во текот на разговорот кажал дека е подготвен да разговара за начините за ставање крај на руската инвазија врз Украина, но само доколку се исполнат условите што ги постави на почетокот на конфликтот.

Германската агенција додава дека Путин на Шолц му кажал дека е подготвен да разговара со сите кои сакаат слобода во Украина, но „само под услов да се исполнат сите руски барања”, а тоа се „неутрален и ненуклеарен статус на Украина, демилитаризација, денацификација, признавање на рускиот Крим и суверенитетот на ДНР и ЛНР”.

Германската Влада додава дека Шолц и Путин се договориле наскоро да имаат дополнителни разговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот