Пукнатините во нуклеарниот штит на Москва доведоа до апсење на руски милионер

Русија знаме / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

На руски милионер одговорен за нуклеарниот штит му се суди во Москва по серијата украински напади. Евгениј Новицки, основачот и поранешен претседател на конгломератот АФК Система и сегашен претседател на РТИ системи, изведувач на руското Министерство за одбрана, е обвинет за измама.

Некои аналитичари сметаат дека тој е уапсен затоа што Русија ги казнува одговорните за недостатоците во системот за противракетна одбрана. Според независната руска агенција за медиуми, Новицки бил уапсен во четвртокот од руските безбедносни сили, пишува Њузвик.

Државната новинска агенција ТАС пренесува дека Новицки е приведен поради сомнение за измама, поточно кршење на членот 159 од рускиот кривичен законик, кој се однесува на измами од големи размери. Доколку биде прогласен за виновен, Новицки може да добие и до десет години затвор. Интерфакс пренесува и дека наводниот криминал на милионерот е од економска природа.

Сепак, База пишува дека апсењето на Новицки е поврзано со неговите активности како шеф на РТИ системс.

„Притворањето на Евгениј Новицки се совпадна со бројните истраги за проневера на средства на Министерството за одбрана доделени на ОЈСЦ РТИ. Поточно, во тек е истрага за проневера при создавање на хардверски и компјутерски комплекси за станиците на системот за воздушна одбрана Воронеж. Новицки долго време го надгледуваше нивното производство во АФК“, според Чека-ОГПУ, канал на Телеграм кој следи информации што протекле од руските безбедносни агенции.

РТИ системс и АФК развиваат и произведуваат радари за станиците на рускиот систем за предупредување од ракетен напад Воронеж, лоциран на околу 320 километри од границата со Украина. Владимир Путин претходно ги сметаше радарите во Воронеж за централен дел од системот за предупредување за балистички ракети на земјата, дури и на дизајнерот РТИ му ја додели Државната награда на Руската Федерација.

На почетокот на јуни тој со ентузијазам го пофали споменатиот систем. „Ако, не дај Боже, има некои напади, тогаш сите треба да знаат дека Русија има систем за рано предупредување кој предупредува на ракетни напади“, рече рускиот претседател на меѓународниот економски форум.

„Тоа го имаат и Соединетите Држави. Никаде на друго место во светот нема таков развиен систем. Во Европа нема таков систем. Во таа смисла, тие се повеќе или помалку беспомошни“, додаде тој.

Сепак, системот се покажа дека е ранлив на украинските напади во последните недели. Украинските медиуми на крајот на мај објавија дека авион без екипаж удрил во радарскиот систем Воронеж во рускиот град Орск.

Претходно овој месец, украинско беспилотно летало погоди слична радарска станица во регионот Краснодар. Телеграмскиот канал Чека-ОГПУ, исто така, тврди дека Владимир Шукшин, кој ги надгледувал активностите поврзани со одбраната во АФК Система, е исчезнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот