Првпат во светот млада жена излекувана од дијабетес тип 1 со помош на сопствените матични клетки

Илустрација / Фото: Профимедиа

Млада пациентка од Кина била излекувана од дијабетес тип 1 со помош на матични клетки и ова е првпат во светот научниците да успеат да го сменат текот на оваа автоимуна болест. Терапијата со матични клетки успеала да го промени текот на дијабетесот тип 1 кај 25-годишна жена – болест која го спречува панкреасот да произведува инсулин.

Пациентката од Тијанџин, Кина, е првата личност во светот со оваа болест која ја лекувале научници од Универзитетот Алберта во Канада со помош на клетки извадени од нејзиното сопствено тело.

Жената е излекувана од дијабетес тип 1 и покрај тоа што примала значителни количини на инсулин

Младата жена со дијабетес тип 1 почнала да произведува инсулин помалку од три месеци откако примила терапија со матични клетки, односно регенеративен лек што користи матични клетки за лекување или превенција на болести или повреди.

По повеќе од една година од трансплантацијата, жената рекла дека почнала да јаде сè, па дури и шеќер.

Експертите од Универзитетот Алберта не ја криеле среќата, но и чудењето од постигнатите резултати.

– Целосно го сменивме дијабетесот на пациентот, кој претходно имаше потреба од значителни количини на инсулин – нагласил д-р Џејмс Шапиро, хирург за трансплантација и истражувач на Универзитетот Алберта.

Како е направена операцијата?

Според студијата, објавена во списанието „Клетка“ (Cell), лекарите ги следеле резултатите од посебна група луѓе во Шангај, меѓу кои бил и 59-годишен маж со дијабетес тип 2, на кој на почетокот на годината успешно му биле трансплантирани островца кои произведуваат инсулин во црниот дроб.

Тие објасниле дека островцата се добиени од репрограмирани матични клетки земени од телото на човек, односно на пациент кој се лекува.

Неколку месеци по трансплантацијата, научниците објавиле дека човекот престанал да зема инсулин.
Потоа, истата процедура ѝ била направена на жена, во јуни 2023 година, во операцијата која траела помалку од половина час. Лекарите ѝ инјектирале околу 1,5 милиони островца во стомачните мускули, што е ново место за трансплантација на островца.

Обично, трансплантација на островца се прави во црниот дроб, каде што клетките не можат да се набљудуваат. Меѓутоа, нивното ставање во абдоменот им помогнало на лекарите да ги следат клетките со помош на магнетна резонанца и потенцијално да ги отстранат доколку е потребно.

Пациентката излекувана  од дијабетес тип 1 почнала да произведува инсулин по 3 месеци

Лекарите соопштиле дека ефикасноста на островцата претходно била тестирана на глувци и примати кои не се луѓе.
Според наводите на списанието „Нејчр“ (Nature), спроведени се неколку пионерски испитувања со користење на матични клетки за лекување на дијабетесот, кој погодува речиси половина милијарда луѓе низ светот. Повеќето од нив имаат дијабетес тип 2, во кој телото не произведува доволно инсулин или се намалува неговата способност да го користи хормонот.

Според извештајот на лекарите, околу три месеци по операцијата, телото на жената почнало да произведува доволно инсулин за да може да живее без никакви надоместоци и таа можела да го одржува тоа ниво на производство повеќе од една година.

Оттогаш, таа престанала да доживува опасни скокови и падови на нивоата на гликозата во крвта, кои останале во рамките на целниот опсег повеќе од 98 отсто од денот.

Како трансплантацијата на матични клетки функционира кај дијабетичарите?

Според зборовите на експертите, трансплантација на островца – процедура која вклучува трансплантација на островски клетки од панкреасот на донорот во црниот дроб на примателот за да помогне во производството на инсулин за регулирање на нивото на гликоза во крвта – помага во лекувањето на болеста.

Меѓутоа, лекарите велат дека нема доволно донори кои би помогнале да се задоволи сè поголемата побарувачка, а примателите мора да користат лекови кои го потиснуваат имунитетот за да го спречат телото да го отфрли ткивото на донорот.

Матичните клетки може да се користат за одгледување на кое било ткиво во телото и може неограничено да се одгледуваат во лабораторија – што значи дека тие потенцијално нудат неограничен извор на ткива на панкреасот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот