Први коментари на македонските власти околу експлозијата во Полска

Фото: Твитер

Претставници на македонските власти вечерва излегоа со првите реакции, откако се случи експлозија наводно предизвикана од ракети во село во Полска, во близина на границата со Украина, при што загинаа двајца Полјаци.

Разузнавачки извори од САД тврдеа дека во полското село Пжевовод паднале руски ракети, но тоа вечерва не беше потврдено, а полските власти соопштија дека истражуваат.

По реакциите од НАТО, ЕУ и земјите-членки на НАТО, со свој коментар околу инцидентот се огласи премиерот Димитар Ковачевски, кој изрази сочувство за жртвите.

„Сочувство до премиерот Моравјецки за загубите на животи во експлозијата близу до украинската граница. Ова е време да бидеме уште поодлучни во нашата основна задача – да ја зачуваме територијата на НАТО безбедна и сигурна. Работиме со сојузниците на собирањето на сите факти за овој трагичен настан“, напиша Ковачевски на Твитер.

Се огласи и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

„Во консултации сме со сојузниците на НАТО и внимателно ја следиме ситуацијата“, пишува Османи, упатувајќи слично воздржана порака како и речиси сите НАТО-сојузници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот