Протести низ Франција по објавените резултати од првиот круг на изборите

Немири во Париз по објавените резултати од изборите / Фото AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Демонстрации против француската крајнодесничарска партија Национален собир, повикани од крајната левица, доцна синоќа се претворија во судири со полицијата и немири во центарот на Лион, јавија француските медиуми.

Левицата повика на демонстрации откако беше обкавено дека Националниот собир води во првиот круг од парламентарните избори со околу 34 отсто освоени гласови.

Демонстрации имало и во Рен и Рије-ле-Папу, а се известува и дека имало немири во париското предградие Бобињи.

Вториот круг од вонредните парламентарни избори ќе се одржи на 7 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот