Проработе најголемата соларна централа во Србија со моќност од 9,9 мегавати

Најголемата соларна централа во Србија, со моќност од 9,9 мегавати, која годишно ќе произведува 15.000 мегават-часови електрична енергија, што е доволно за околу 2.100 домаќинства, денеска беше пуштена во употреба.

Електраната „ДеЛсол“ изградена од компанијата „Мт-Комекс“ се наоѓа во општина Лапово и се простира на 12,5 хектари, а за нејзината изградба се користени бифацијални соларни панели кои имаат можност да произведуваат електрична енергија од двете страни на панелот, поради што произведува поголема количина на електрична енергија, соопшти Министерството за рударство и енергетика на Србија.

Министерката Дубравка Ѓедовиќ на отворањето на соларната централа рече дека таа е пример како користењето на сончевата енергија истовремено може да ја подобри безбедноста во снабдувањето со електрична енергија и да ја заштити животната средина.

Таа нагласи дека задача на државата е да создаде услови за изградба на нови електрани со обновливи извори на енергија, а во исто време да обезбеди енергетскиот систем да ги снабдува граѓаните и стопанството.

Ѓедовиќ најави дека измените на Законот за користење на обновливи извори на енергија, кога ќе бидат усвоени во парламентот, ќе овозможат спроведување на аукции за пазарни премии за производителите на енергија од обновливи извори, пренесува Бета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот