Пропадна уште еден обид да се постават советнички прашања, Арсовска не се појави на седница

Данела Прес/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Советот на Град Скопје повторно не успеа да одржи седница за советнички прашања поради тоа што на седницата не присуствуваше градоначалничката Данела Арсовска.

Веднаш по започнувањето на денешната седница советничката Љубица Јанчева од СДСМ потсети на ставот на нивната советничка група.

Го знаете нашиот став, доколку градоначалничката не е присутна нема да учествуваме во работата на седницата – рече Јанчева.

Веднаш потоа претседателот на Советот Трајко Славески даде 10 минути пауза во обид да се обезбеди присуството на градоначалничката, но и по истекот на паузата Арсовска не се појави во салата. Славески поради тоа ја затвори седницата со образложение дека нема услови за нејзино одржување.

Недоаѓањето на Арсовска на седниците кога треба да се поставуваат прашања кои се од интерес на граѓаните е веќе вообичаено и покрај нејзините тврдења дека секогаш работи за доброто на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот