Пронајдена дрога кај 42-годишен маж од Свети Николе

ФОТО: МИА

Четириесет и двегодишен маж е приведен откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога.

„Вчера во 16.45 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Н.Ј.(42) од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети поврзани со кривичното дело“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот