Продолжува растот во туризмот, Македонија од јануари до јули ја посетиле речиси за 10 отсто повеќе странци

фото: Слободен печат

Во периодот од јануари до јули годинава во споредба со истиот период лани има зголемување за 7,8 отсто на бројот на туристите, а зголемувањето кај странските туристи е за 9,7 отсто. Тоа значи зголемување на девизниот прилив од туризмот и неговото учество во БДП, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска на денешната прес-конференција во Струмица.

Според неа, растот на бројките не значи и развој, бидејќи Стефаноска смета дека развојот стагнира, па дури е и уназаден.

-Државата треба посветено да работи, да инвестира и најважно е создавање на национална стратегија за туризам, во која би влегле стратегијата за рурален туризам, бањски туризам, за транзитен, културен и сите други алтернативни форми на туризам, додаде Стефаноска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот