Продолжува негативниот тренд: Невработеноста во Европската Унија и натаму расте

Фото: EPA/MAURITZ ANTIN

Невработеноста во еврозоната продолжи да расте во август, следејќи го трендот како и претходните месеци, покажуваат статистичките податоци на Европската Унија (ЕУ). Според Евростат, стапката на невработеност во ЕУ се искачи на 7,4 отсто во август, додека во еврозоната се искачи на 8,1 процент.

Проценките на институтот упатуваат на нешто повеќе од 15,6 милиони невработени во ЕУ и околу 13,2 милиони во еврозоната во август. Во споредба со јули, бројот на невработени се зголеми за 238.000 во ЕУ, односно 251.000 во еврозоната.

Статистичките податоци покажуваат дека повеќе од три милиони невработени во ЕУ се млади луѓе на возраст под 25 години, а 2,46 милиони од нив се во еврозоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот