Приведени три лица кои агресивно се однесувале кон полицијата

Три лица во два одделни случаи биле приведени во вторникот откако агресивно се однесувале кон полициски службеници.

Во вторникот, во 15.40 часот на подрачјето на Центар полициски службеници го привеле Т.Ѓ.(34) од Скопје, поради тоа што во службени простории агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Три часа подоцна, во 18.40 часот во Кисела Вода полициски службеници ги привеле Ѓ.Ѓ.(36) и Ј.В.(41), двајцата од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот