Приведени две лица во Штип за издржување казна затвор

Фото: Архива/Слободен печат

Полицијата приведе двајца штипјани за издржување казна затвор.

Како што информираат од МВР, вчера во 12.15 часот на ул.„Железничка“ во Штип бил приведен четириесетгодишниот М.П Штип, а во 13.00 часот на ул.„Ваташка“ приведен бил и шеесет и четиригодишниот Б.Д.

М.П. бил баран со писмена наредба од Основен суд Штип за издржување на затворска казна од една година, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Б.Д., пак, бил баран со судска наредба за издржување казна затвор по член 235-а за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

М.П. и Б.Д. биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот