Приведени две лица кои криумчареле мигранти од Непал

Вчера во Липковско, полиција привела две лица кои криумчареле мигранти од Непал.

„Вчера во 19.40 часот во с.Табановце, Кумановско, на крстосница кон с.Лојане, Липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Р.(41) од с.Матејче, Липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица мигранти од Непал“, информираат од МВР.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Патот до земјите на ЕУ води преку Македонија – досега 99 Непалци им избегале на македонските работодавци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот