Приведени двајца тинејџери од Дебар кај кои била пронајдена марихуана

Канабис/ Фото EPA-EFE/Ana Escobar

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи привеле две момчиња од Дебар, откако кај нив пронашле марихуана.

– Вчеравечер во 19 часот лишени од слобода се А.Ц.(19)и Ј.К.(19), двајцата од Дебар. При преглед на патничко моторно возило „Пежо“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувале, извршен на пресекот на улиците „Јусуф Грвала“ и “Мојси Големи“ во Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонска кеса со опојна дрога марихуана, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Дополнително, при преглед кај А.Ц. пронајдена и одземена е пакување со марихуана.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот