Приведен Косовец на „Блаце“, престојувал повеќе од дозволеното во земјава

Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Дваесет и двегодишен Косовец бил приведен вчера на Граничниот премин „Блаце“.

„Вчера во 16.40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го привеле К.Л.(22) од Косово, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека истиот го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот