Пристигнаа српските локомотиви кои ќе влечат возови за Македонски железници

Фото: Принтскрин/ Иван Стоилковиќ

Во Македонија пристигнаа четирите локомотиви кои беа изнајмени од „Србија Карго“ за потребите на „Железници на Северна Македонија“.

Министерот за односи меѓу заедниците и водач на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ објави дека локомотивите веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на „Железници на Северна Македонија“.

– Да потсетам, станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање на товарниот сообраќај низ Македонија, преку Србија, до земјите од Европската Унија. Договорената соработка е од големо значење не само за двете железнички компании туку и за севкупната регионална соработка по коридорот 10 која не само што ќе го зголеми капацитетот на транзитниот сообраќај, туку и приходите, во пресрет на сè поголемата побарувачка на товарниот транспорт – напиша Стоилковиќ.

Како што информираат од „Македонски железници“, овие локомотиви првенствено ќе бидат наменети за влеча на возови со стока и материјали по Коридорот 10 и ќе придонесат да се расчисти застојот на „Табановце“ и во Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот