Природна заштита од вируси: Рецепт за супа од лук коja ќе му се допадне на целото семејство

Фото: Pexels / Noemí Jiménez

Почетокот на постудените денови носи со себе настинки и вируси, но со оваа кремаста супа од лук можете да го зајакнете имунитетот и да се заштитите на природен начин.

Со дури 26 чешниња лук, овој рецепт ќе ги воодушеви и оние кои не се љубители на овој зеленчук.

Состојки (за 4 лица):

– 26 неизлупени чешниња лук
– 2 лажици маслиново масло
– 20 г путер
– 1/2 лажичка лута пиперка
– рендан свеж ѓумбир
– 2 средни кромиди (ситно сечкани)
– мајчина душица
– 100 мл павлака
– 900 мл супа од зеленчук
– 4 парчиња лимон

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени, а потоа печете ги неизлупени чешниња лук покриени со фолија околу 45 минути. Кога ќе омекнат, префрлете ги во сад.

Во тенџере пропржете го кромидот, мајчината душица, ѓумбирот и лутата пиперка на маслиново масло и путер додека кромидот не стане проѕирен, околу 6 минути.

Додадете го печениот лук, па продолжете со пржење уште 5 минути. Истурете ја супата од зеленчук, покријте и варете додека лукот целосно не омекне, околу 20 минути.

Смесата измешајте ја во крем супа, додадете павлака, сол, бибер и послужете со неколку капки сок од лимон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот