Приказната за Хари Потер се враќа на малите екрани, објавен повик за кастинг на детски актери

Фото: Profimedia

Подготовката за новата адаптација на приказната за Хари Потер е во полн ек, а американската телевизиска мрежа Ејч-би-о започна повик за кастинг за детски актери.

Телевизиската серија ќе почне да се емитува од 2026 година, а се очекува да трае една деценија. Секоја сезона ќе опфаќа по една од седумте книги на британската писателка Џ. К. Роулинг.

Иако засега има многу малку информации за самата серија, на официјалната инстаграм-страница за Хари Потер беше објавен повик за кастинг на млади актери. Со цел да ги исполнат критериумите за улогите на ликовите Хари Потер, Хермиона Гренџер и Рон Визли, децата мора да бидат на возраст од 9 до 11 години во април 2025 и да бидат жители на Велика Британија или Ирска.

Фото: Инстаграм/Хари Потер

И Руперт Гринт и Ема Вотсон, кои ги играа Рон и Хермиона во оригиналните филмови, беа откриени преку отворени аудиции. Интересно е дека Вотсон се пријавила на аудиција во нејзиното училиште.

Одлуката да се има отворени аудиции, веројатно, значи дека продуцентите се надеваат дека повторно ќе имаат среќа да пронајдат толку добри актери како оние од филмските адаптации од пред 20 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот