Претставата „Лагата“ на МНТ ќе гостува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“ во Дебар

Сцена од претставата „Лагата“ во режија на Бесфорт Идризи

Македонскиот народен театар на 28 септември ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“, што се одржува во Дебар.

Претставата „Лагата“ е поставена на текст од Флоријан Зелер во режија на Бесфорт Идризи, а во која играат актерите Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

Покрај учеството на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Јордан Симонов за улогата на Павле минатата година ја доби наградата за највисоко актерско остварување, ова е второ фестивалско учество на претставата.

Програмата на фестивалот „Албански театар во РСМ“ започна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година.

Во натпреварувачкиот дел од програмата учествуваат седум претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово, а во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и САД, извести Мила Анѓелковиќ од РСМ НУ Македонски народен театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот