Претседателот на Европскиот совет на 2 и 3 јули во официјална посета на Црна Гора

Шарл Мишел / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на 2 и 3 јули ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот на државата Јаков Милатовиќ.

„Оваа посета доаѓа во пресрет на претстојната Меѓувладина конференција, со цел да се нагласи ЕУ перспективата на Црна Гора, досегашниот напредок на европскиот пат и добивањето на ИБАР (Извештај за исполнување на привремените одредници), како и продолжувањето на реформскиот процес. Ова е втора посета на високи претставници на ЕУ откако Јаков Милатовиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора. Пред тоа, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја посети Црна Гора во октомври 2023 година“, се вели во соопштението.

Од Кабинетот на претседателот посочуваат дека посетата на Шарл Мишел претставува важен чекор во зајакнувањето на односите меѓу Црна Гора и Европската Унија на политички и економски план и дополнително ја потврдува определбата на земјата да чекори поодлучно кон полноправно членство во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот