Претседателката на Собранието на Словенија: Проблемите меѓу Косово и Србија да се решаваат со дијалог

косово србија
Фото: Profimedia

Претседателката на Собранието на Словенија, Уршка Клакочар Жупанчич денеска во Приштина изјави дека проблемите меѓу Косово и Србија треба да се решат со дијалог за ситуацијата да не доведе до војна како во Украина.

-Ако не ги решаваме работите преку дијалог, тогаш гледаме лоши работи како во Украина, затоа што не обрнуваме внимание на ситуации кои водат до војна. Сакам да видам како српските власти го менуваат својот став и ќе бидат поотворени, вели таа.

Жупанчич, која се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, рече дека нејзината денешна посета на Приштина придонесува за натамошно зајакнување на односите меѓу двете собранија и додаде дека Словенија продолжува да го поддржува евроатлантскиот пат на Косово.

-Сакам да ја истакнам важноста на парламентарната дипломатија. Оваа посета придонесува за натамошно зајакнување на односите меѓу двете собранија. Собранието е подготвено да сподели добри искуства поврзани со исполнувањето на критериумите за членство (во ЕУ). Словенија многу брзо ја призна независноста на Косово, ги поддржуваме вашите евроатлантски патувања, добро е тоа да го направат трети земји кои не го признаваат Косово, рече Жупанчич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот