Пресврт во политиката на Иран? Дали Техеран го пушти Хезболах низ вода?

Иран Хамне EPA-EFE/IRAN SUPREME LEADER OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Дали навистина има „пресврт“ во надворешната политика на Иран или има конфликт меѓу конзервативците и т.н. реформисти во врвот на иранската влада за таа „насока“ или е само „политичко лицемерие“ и фрлање „димни бомби“, како што сметаат некои аналитичари.

Имено, по „неиспровоцираната“ изјава за руската агресија врз Украина и дека „никој нема право да зазема туѓа територија“ и поканувањето на претседателот Масуд Пезешкијан на нова рунда преговори со Западот за „нуклеарната програма“, интересно е што Техеран презеде неочекувана „добронамерна“ (немаше дури ни застрашувачки вербални закани на кои Западот се навикна од почетокот на конфликтот во Појасот Газа, чија прва годишнина наскоро ќе биде одбележана) кон практично отворена војна меѓу „нивниот“ Хезболах и Израел во Либан.

Многу аналитичари беа убедени дека нападот врз Хезболах во Либан е „црвена линија“ што Техеран нема да ја помине, но засега е невообичаено „тивко“ во споредба со она што можеше да се слушне од раководството на Иран во вакви прилики. Имено, невообичаено за Иран, по аферата „пејџер“, а особено по гранатирањето на позициите на Хезболах и ликвидацијата на неколку негови важни луѓе, немаше жестоки повици за „уништување на ционистичката држава“, „одмазда што ќе го изгори Израел“ и слично, како што на пример беше по убиството на Исмаил Ханије, шефот на Хамас, летово, кога Иран најави и се закани со  започнување на војна со Израел.

Хезболах
Знаме на Хезболах/ Фото Архива на Слободен печат

Хезболах бара помош, Иран вели „не е вистинскиот момент“

Во својата анализа Би-би-си се прашува и „зошто Иран не брза да му помогне на Хезболах“ во време кога практично е на работ на преживување. Имено, Хезболах побарал од своите ирански поддржувачи да го „нападнат“ Израел додека се изложени на ракетен оган од израелската армија во Либан, но Техеран засега се воздржува од тоа, пренесува агенцијата Аксиос.

Неименувани израелски официјални лица, цитирани од Акиос, рекоа дека Иранците му рекле на Хезболах дека „сега не е вистинското време“, додека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е во Њујорк на Генералното собрание на ОН. Изворите тврдат дека „Иранците изразиле сомневање дека сега ќе се приклучат во борбата против Израел и не дале позитивен одговор“.

Имено, сите бегаат од тоа бидејќи Хезболах е терористичка организација на „далечинскиот управувач на Иран“ или – како што ја „претставува“ Би-би-си – „најмоќната недржавна армија на светот“. Меѓутоа, во разговор со новинарите во Њујорк на самитот на Генералното собрание на ОН, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан не манифестираше воинствена и одмзадољубива политика, туку изјави  дека Иран е „за мир, а не за војна и крвопролевање“.

Ирански генерали EPA-EFE/IRAN SUPREME LEADER OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

„Блумберг“ ги истакнува зборовите на претседателот на Иран дека неговата земја  е „подготвена да го остави оружјето доколку Израел го стори истото“. Не е неинтересно како Пезешкијан објасни зошто толку долго се одложува „острата реакција“ на атентатот на шефот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран. Според иранскиот претседател, раководството на Исламската Република одржува консултации со западните земји кои „ветија дека ќе го решат прашањето за прекин на огнот во Газа во рок од една недела“. Овие ветувања, сепак, не беа исполнети.

Покрај тоа, војната достигна ново ниво, раширувајќи се во Јужен Либан. Објавата подоцна била избришана, но сепак „преживеала“ на интернет, пренесува RSE. Мора да се признае, во говорот пред ОН, иранскиот претседател го обвини Израел за тероризам и воени злосторства и дека „сака да го вовлече целиот Блиски Исток во војна“. Впрочем, не може сè да се сврти преку ноќ. Дури и умерениот министер за надворешни работи Абас Арагчи почувствува потреба да ги „разјасни“ зборовите на претседателот, што укажува дека Пезешкијан не бил добро разбран и дека тој не рекол дека „сака деескалација на односите со Израел“, бидејќи Иран, како што рече,  не сака „деескалација на односите со ционистичкиот режим“.

Сепак, некои веруваат дека ова е добро позната игра и дека пораките, барем кога се во прашање оние на кои им се наменети, ќе бидат сфатени токму онака како што треба. Некои сè уште мислат дека Пезешкијан е вака мирен затоа што е во Њујорк, како што пишува Би-би-си, а колку бил искрен кога зборувал за Украина и Хезболах, односно Израел, ќе биде појасно кога ќе се врати дома бидејќи, ако дејствуваше радикално, или Техеран одговореше  или најавуваше одмазда против Израел, ќе беше изложен на „медиумите и јавноста, што секако сака да ја избегне.

Ајатолах Али Хамнеи

И радикалниот Хамнеи со помек тон

За да се искомплицираат работите, поранешниот министер за надворешни работи, а сега потпретседател на Пезешкијан, Мохамед Џавад Зариф, се погрижи да го поддржи говорот на својот претпоставен, нарекувајќи го миротворец и повторувајќи дека „Иран не е за војна“, но тој го обвини Израел дека „постојано ја провоцира“. . Сепак многумина потсетуваат дека Иран испрати непогрешлива порака до Западот дека сака нова рунда преговори за својата „нуклеарна програма“, па министерот Арагчи ќе се сретне со неколку негови западни колеги за ова прашање. Што се однесува до  „одмаздата на Израел“ –   Техеран наводно добил порака од арапските земји во регионот, сите извозници на нафта, во која го предупредиле Иран да не ја доведува во прашање нивната „нафта“. 

Не треба да се занемари дека врховниот верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, имаше помек тон отколку кога беше убиен лидерот на Хамас, Ханије, иако повика, како што забележува Би-би-си „на единство на муслиманскиот свет“ поради кризите околу Газа и Либан, апелирајќи за прекин на економските и политичките врски со Израел.

Досега, ниту една арапска земја, вклучувајќи ги и Турција и Азербеџан  не ги прекина дипломатските односи со Израел. Оваа омекната реторика на Иран веројатно е резултат на три причини – фактот што тој веќе не е целосно сигурен во руската надмоќ и помош (очигледно поради нешто што се случи за време на средбата со Сергеј Шојгу во Техеран), потоа фактот дека Иран ќе мора да ги нормализира односите со Западот бидејќи изолацијата и санкциите траат предолго и даваат резултати, па затоа сака да ги продолжи преговорите за нуклеарната програма, и не треба да се игнорира фактот дека не успеа, барем оваа година, да се направи сојуз на арапските земји од регионот на некој „заеднички фронт“ под раководството на Техеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот