Преподобномаченичката Стефанида прогласена за светица

Фото Васка М. Младеновска

Со објавување на одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија и одржување на свечена утрена литургија во Соборниот храм на „Св. Великомаченик Димитриј” во присуство на бројни поглавари и архиереи, високо достојници на помесните православни цркви, поглаварот на МПЦ- ОА, господин Стефан и српскиот патријарх Порфирие, денеска во Битола се одржа впишување на преподобномаченичката Стефанида, Битолско -Скадараска во списокот на Светите.

Светиот храм „Св.Димитриј” беше претесен да ги прими сите верници кои сакаа да присуствуваат на овој свечен чин, па затоа свеченоста беше пренесувана на видео бим.

Инаку, прославата за впишување на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите започна вчеравечер со одржување на вечерна богослужба во манастирската црква „Св. Јован Претеча” во селото Слепче Демир Хисар, каде се одржа и последен Парастос за Светителката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот