Пренџов тврди дека во првите сто дена од Владата во земјава влегле 600 милиони евра странски инвестиции – толку се всушност за цела година заклучно со јули

Љупчо Пренџов Фото: Слободен печат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостување во „Топ Тема” на ТВ Телма рече дека во земјава во првите сто дена од новата влада влегле 600 милиони евра странски инвестиции.

„Она што ќе го работиме е добра економија, како на пример, сега во првите 100 дена за првпат по долго време, каде имаме 600 милиони евра странски инвестиции. Правење на правна држава со ред и поредок на правен систем. Да бидеме почитуван посакуван партнер на било која европска држава. Ќе продолжиме и со лобирање во Брисел, Рим, Париз, Берлин ако треба и во Софија со цел давање на аргументи за ова што се случува, случувало и она што го нудиме како вин-вин ситуација”, рече Пренџов зборувајќи за тоа како ќе се однесува власта наспроти заглавената ЕУ-интеграција на земјата.

600 милиони евра, инаку, изнесуваат вкупните странски инвестиции во земјава од почетокот на годината заклучно со јули (590 милиони според Народната банка), а не на првите сто дена работа на Владата, како што тврди Пренџов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот