Премиерот на Либан: Стоп за борбите, не ни треба повеќе крв, не ни треба повеќе уништување

фото: Ројтерс

Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати изјави дека на земјата и треба итен прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хезболах, додавајќи дека околу 1,2 милиони луѓе во Либан се раселени по израелските напади.

„Престанете со борбите. Не ни треба повеќе крв. Не ни треба повеќе уништување“, рече Микати.

„Потребен ни е итен прекин на огнот“.

Микати рече дека дипломатскиот крај на ескалацијата на војната ќе биде вин-вин решение и за Израел и за Либан.

10.000 војници на југ

Привремениот премиер, исто така, рече дека Либан ќе распореди 10.000 свои војници на југот на земјата доколку се договори прекин на огнот.

Во Либан, според податоците на Министерството за здравство, загинаа повеќе од илјада луѓе од масовните експлозии на преносливи уреди на Хезболах на 17 и 18 септември, припишани на Израел и почетокот на интензивните бомбашки напади на 23 септември. кои главно беа насочени кон упоришта на Хезболах во јужниот и источниот дел на Либан и јужните предградија на Бејрут.

Израел потоа започна копнена инвазија за да се справи со Хезболах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот