Прегазена 75-годишна жена во Штип, возачот избегал

Фото: МВР

Седумдесет и петгодишна жена била прегазена во Штип, по што возачот избегал.

„Вчера во 09.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, патничко возило удрило во Р.А.(75) од Штип, по што возачот со возилото го напуштил местото на несреќата. Притоа, Р.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот