Прегазен малолетник во Чаир, со тешки повреди пренесен во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Малолетен пешак е тешко повреден откако бил прегазен вчера од возач кој управувал со возило „фолксваген“ во Чаир.

„Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Цветан Димов“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од с.Блаце, Скопско, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот