Предупредување од Нетанјаху: Иран ќе се соочи со сериозни последици

WEF / Flickr

Иран доби предупредување од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој рече дека по ракетниот напад, земјата ќе се соочи со последици.

„Иран направи голема грешка вечерва – и тие ќе платат за тоа“, рече Нетанјаху. „Во ракетниот напад, зад тој напад стои намерна и смртоносна рака – доаѓа од Техеран“, рече Нетанјаху.

Рече дека нападот не успеа, и покрај тврдењата од Техеран дека околу 90 отсто од проектилите ги погодиле нивните цели.

Извештаите од теренот и информациите од САД сугерираат дека огромното мнозинство на проектили биле успешно пресретнати, а Израел допрва треба да пријави каква било штета, повредени или смртни случаи.

Израелските власти веќе ветија „болен одговор“ на својот непријател, при што главниот портпарол на ИДФ рече дека одговорот ќе дојде на начин и во време по нивен избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот