Предлог-иницијативата за уставни измени најверојатно утре ќе биде усвоена на владина седница

Устав на РС Македонија / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерот за правда Кренар Лога денеска изјави дека предлог-иницијативата за уставни измени од минатата недела е во владина постапка, а се очекува утре да биде разгледана и усвоена на владина седница.

Предлог-иницијативата за устави измени подготвена од работната група при Министертсвото за правда на почетокот на месецов беше доставена до Владата и како што беше најавено тогаш, ќе биде разгледана на некоја од наредните владини седници. Очекувањата тогаш беа дека уставните измени би можеле да влезат во Собранието во средината на месецов кога и формално ќе почнат да течат роковите за уставни измени.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во средата изјави дека очекува во наредните неколку недели иницијативата за уставни измени да се најде пред пратениците во Собранието и да почне собраниската процедура и дискусија, бидејќи, како што оцени, коректно и важно е секој пратеник да има можност да се изјасни за нив.

Сигурен сум дека доколку го имаме вистинскиот пристап кон секој пратеник и му се објасни и важноста и одговорноста, и последиците од прифаќањето или не прифаќањето на овој предлог и на оваа иницијатива, мислам дека ќе дојдеме до две третини, изјави Маричиќ.

Според него, доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието сами ќе си поставиме блокада и ќе се запреме на европскиот пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот