Предизборната кампања на Бајден собрала 14 милиони долари по телевизиската дебата со Трамп

Фото: EPA-EFE/ANDREW HARNIK / POOL

Предизборниот штаб на американскиот претседател Џо Бајден објави дека кампањата собрала 14 милиони долари од донации на денот на првата телевизиска дебата со поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

Од штабот на Бајден соопштија дека најголемиот приход од донации од почетокот на кампањата е постигнат во периодот од 23:00 часот до полноќ, еден час по крајот на телевизиската дебата во студиото на Си-Ен-Ен во Атланта, Џорџија.

Според повеќето анализи, Бајден не го искористил моментот за да поентира на темите каде Трамп е најтенок, а тоа се прашањата за абортусот и упадот во Капитол.

„Американците сакаа јасност, добија хаос. Претседателот го губеше умот, не објасни зошто е потребно правото на абортус, рече дека отворил 15.000 работни места, но отворил 15 милиони. Трамп беше јасен, но лажеше. Тој дури тврдеше дека ја намали цената на инсулинот, а тоа го направи Бајден. Во еден момент, дури тие се расправаа и за голфот, анализираат критичарите.

Тие велат дека ова е далеку од она што го сакаат Американците. Не добија одговори, само повеќе прашања за судбината на земјата пред изборите во ноември“.

Бајден нема намера да се откаже од трката за нов претседателски мандат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот