Пред новата учебна година, грчките власти ја најавија програмата „Кошница со училишен прибор“

УЧЕНИЦИ ПРВАЧИЊА ШКОЛО УЧИЛИШТЕ ДЕЦА СКОПЈЕ (1)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Грчката програма „Кошница со училишни материјали“ ќе почне од 28 август и ќе трае до 15 октомври, а ревизорите на Меѓуслужбената единица за контрола на пазарот (ДИМЕА) ќе бидат на штрек за да нема проблеми со оние кои се обидуваат да остваруваат неправедни профити.

Како што забележуваат надлежните од Министерството за развој, контролите кои и онака се зголемени на целиот пазар, а се однесуваат на „училишната кошничка“ , ќе бидат повеќе насочени за целосна имплементација на законската регулатива за плафонот на профитот што треба да се задржи на нивото од 2021 година, предупредува То Вима.

Освен тоа, како што истакна министерот за развој Такис Тедорикакос пред претставниците на трговците, „не е оправдано да се преценува училишниот прибор“, додавајќи дека е апсолутно неопходно да се поддржи грчкото семејство и децата на училишна возраст да имаат пристап до сè што е потребно за нивните лекции. Министерот по средбата истакна дека училишниот прибор е вклучен во одредбите за плафонот на профитот и поради оваа причина ќе има итни контроли од инспекторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот