Правните и физичките лица можат за извезуваат 70 отсто од брашното, а 30 отсто останува за домашниот пазар

На денешната 34-та владина седница е донесена и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица, со која на правните и физичките лица кои се извозници на брашно од пченица и наполица, во текот на еден месец да може во висина од 70 проценти од вкупно произведената количина на брашно од пченица и наполица во претходниот месец, да ја извезуваат, а 30% да остане за потребите на домашниот пазар.

Ваквото ограничување ќе се спроведува по пат на издавање на дозволи од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки-ЕХИМ, под име на лиценца Е004 МЕ.

Извозникот на брашно од пченица и наполица е должен пред да поднесе барање за издавање на дозвола, во Министерството за економија ќе треба да достави доказ (финансова материјална картичка) за вкупно произведената количина и продадената количина на домашниот пазар на брашно од пченица и наполица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот