Познатиот диџеј се соочува со тужба за одмаздничка порнографија: „Му дозволував да ме снима повремено, но не вака!“

Фото: Инстаграм/Диџеј Дипло

Американскиот музички продуцент и диџеј Томас Весли Пенц, познат како Дипло, се соочува со сериозни обвиненија, пишува „Пејџ сикс“. Имено, музичарот е обвинет од засега неименувана жена за дистрибуција на одмаздничка порнографија.

Во тужбата, поднесена во четвртокот, жената го тужи Дипло за дистрибуција и снимање на сексуални слики и видеа од неа, кои тој ги предал на трети лица без нејзина согласност. Жената, која живее во Њујорк, тврди дека била во врска со Дипло од јуни 2016 година, а нивната врска завршила во 2023 година.

Според судската пријава, таа му дозволила на музичарот повремено да ги снима како имаат секс, но вели дека не сакала тој да ги дистрибуира тие снимки и не му дала дозвола за тоа.

Фото: Инстаграм/Диџеј Дипло

Меѓутоа, во ноември 2023 година, жената тврдеше дека била контактирана од трето лице кое рекло дека добиле материјал на кој таа и музичарот имаат секс. Како што вели, уште во октомври 2023 година ѝ било кажано дека постои лице кое добило порнографска содржина на која се гледаат нејзините гениталии, задникот и лицето. Материјалот наводно бил испратен преку Снепчет.

Како резултат на тоа, таа сега бара отштета до 150.000 долари. Брајан Фридман, адвокатот на музичарот ги отфрли наводите во изјава за „Пејџ сикс“.

„Во претходните случаи се покажа дека таквите обвинувања се лажни, а судските постапки завршуваа со извинување од оние што го тужеа диџеј Дипло. Не верувам дека и овој пат исходот ќе биде поинаков“, рече адвокатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот