Позната инфлуенсерка почина на 26 години откако паднала од петти кат: Последните објави ги загрижија нејзините обожаватели

Фото: Instagram / kubrasalofficial

Турската инфлуенсерка  Кубра Ајкут трагично загина откако падна од петти кат од луксузна станбена зграда во Турција.

Дваесет и шестгодишната девојка, која стекна светска слава благодарение на нејзиното вирално видео „Свадба без младоженец“, наводно била пронајдена мртва минатиот понеделник во областа Султанбејли во Истанбул. Според весникот „Сан“, покрај нејзиното тело била пронајдена проштална белешка.

Веста доаѓа откако ѕвездата на социјалните мрежи, која има милион следбеници на ТикТок и над 200.000 на Инстаграм, ги загрижи обожаватлеите со нејзините последни објави за слабеење.

Фото: Instagram / kubrasalofficial

Таа напишала: „Имам енергија, но се чини дека не можам да се здебелам. Секој ден губам по еден килограм. Не знам што да правам; Итно треба да се здебелам“.

Инаку, Ајкут стана позната на ТикТок откако организираше раскошна венчавка без партнер во 2023 година. Таа облече прекрасен бел фустан и дијадема за церемонијата и изјави: „Не можам да најдам соодветен младоженец за мене“.

Нејзиното тело беше вратено во родниот град Бурса, каде што беше погребана на погреб на кој присуствуваа пријатели, најблиски и колеги од социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот