Позната актерка очајна по разводот: Немам со што да ги хранам децата, а нивниот татко ѝ купува скапи подароци на свршеницата

Алис Еванс и Јоан Груфуд / Фото: EPA/NINA PROMMER

Бурниот развод на поранешната холивудска двојка, актерката Алис Еванс и актерот Јоан Грифид, се одвива пред јавноста од 2021 година, а се чини дека не се гледа достоинствен крај, пишува „Дејли мејл“.

Имено, Алис оваа недела го обвини поранешниот сопруг дека не плаќа алиментација од мај, и дека е оставена во толку тешка финансиска ситуација што не може да си ги дозволи ниту најосновните работи за себе и за своите деца, а дека ќе биде принудена да користи бонови за храна.

На 1 јули адвокатите на Алис поднесоа правни документи до судот во кои се вели дека таа има „100 отсто“ старателство над ќерките Ела (14) и Елза (10), но дека не добила никаква финансиска поддршка од него откако тие склучиле договор за старателство пред два месеца.

Само неколку недели откако парот конечно постигна договор за развод, 54-годишнатаактерка сега тврди дека „се бори да врзе крај со крај“, додека нејзиниот поранешен сопруг „патува низ светот“ и води „раскошен начин на живот“.

Алис во документите тврди дека Јоан себеси и на својата вереница Бјанка Волис купил нови часовници „Ролекс“ и дека уживал во светската турнеја за да го промовира својот нов филм „Лоши момци: Сѐ или ништо“. За тоа време таа мора да аплицира за бонови за храна, помошта што Америка ја дава на домаќинствата со ниски приходи, тврди актерката.

Таа исто така додала дека Јоан „купил многу скап свршенички прстен“ за својата свршеница, судејќи според медиумските приказни. И актерот и Бјанка, моментално ги затворија своите профили на Инстаграм, но има нивна објава од мај оваа година на која се гледа како таа носи зелен „Ролекс“ околу раката.

Алис, охрабрена од овие потези на 50-годишниот актер, сега бара тој да ѝ плаќа алиментација до почетокот на судскиот процес за финансии, кој беше одложен во април за август оваа година.

„Алис е принудена да побара помош од јавноста бидејќи не може да се издржува себеси и децата. Изгледа дека финансиското судење ќе трае уште неколку месеци, а Алис нема да може да преживее без да добие алиментација. Јоан има опција за плаќање алиментација врз основа на неговата способност на советот да заработува приход и неговиот континуиран раскошен начин на живот“, велат нејзините адвокати.

Тие исто така додадоа дека од мај 2023 година, Јоан не ги видел своите деца надвор од професионалната терапија за повторно обединување, која се препорачува во Америка за децата и родителите кога минуваат низ развод, и дека тој не „го искористил правото на судот да ја повика ќерки три пати неделно“.

„Јоан не контактира со децата и не одговара на нивните пораки од мај 2023 година. Децата се оставени во неизвесност и се целосно збунети кога и дали воопшто ќе го видат својот татко“, велат адвокатите.

Да потсетиме, Алис и Јоан се заедно од 2000 година, кога се запознаа на снимањето на филмот „102 далматинци“. Својата врска ја официјализираа во 2007 година, а потоа, по 14 години брак, актерот одеднаш побара развод, по што сподели фотографии со својата нова девојка Бјанка Волис. Оттогаш, Алиса неколку пати излезе во јавноста, тврдејќи дека е скршена, дека сакала да се убие и дека нејзиниот поранешен сопруг на ниту еден начин не се грижи за децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот