Пожарникарите пред дождот го изгаснаа пожарот кај битолско Смолево

фото: Општина Битола
Пожарот што попладнево избувна кај месноста „Смолево” во Битола, благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица е изгаснат.
Битолските пожарникари беа побрзи од дождот и со брза и ефикасна интервенција го изгаснаа пожарот и не дозволија истиот да се прошири. По дојавата за пожар на лице место излезе и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој одблиску го следеше гаснењето на пожарот.
– После избувнувањето на пожарот во „Смолево” излегов на терен со Територијалната противпожарна единица Битола. Состојбата со пожарот е ставена под контрола, а Кризниот штаб е ставен во функција и е на терен-информираше градоначалникот Коњановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот