Пожарите проголтаа 8% од површината на грчкиот остров Пелопонез

пожари пожар во грција
Педели, Грција / EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Од 2010 година до сега, во регионот на Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез во пожари изгореле 18.000 хектари, односно осум проценти од вкупната површина, додека пак последниот пожар од неделата е најголем во последните 14 години, според порталот Метео на Националната опсерваторија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Метео ги анализира најновите податоци од Службата за брзо мапирање Коперник и од Европската опсерваторија за шумскиот пожари во северниот дел на Пелопонез што зафатил околу 6.500 хектари заклучно со вчера наутро.

Пожарот избувна во неделата и веќе е ставен под контрола, не постојат активни жаришта, додека животот го загубија две лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот