Повик за евакуација до жителите во јужните предградија на Бејрут

Израелската армија им нареди на жителите на три населби во јужните предградија на Бејрут, Либан, упориште на вооруженото исламистичко движење Хезболах, да ги напуштат зградите заради сопствена безбедност.

„Вие сте во близина на објекти кои припаѓаат на терористичката група Хезболах и затоа (армијата) ќе дејствува силно против нив“. „Заради вашата безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ги напуштите зградите и да се оддалечите од нив најмалку 500 метри“, рече портпаролот на израелската армија Авичаи Адре во видеото објавено на социјалните мрежи.

Либанските војници вчера се повлекоа од позициите долж јужната граница на Либан со Израел за најмалку пет километри, изјави за Ројтерс извор од либанската служба за безбедност, додека се зголемуваат навестувањата за неизбежен израелски копнен упад во јужен Либан, насочени кон упоришта на Хезболах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот