Повеќе од една година немаме реагенс за засејување обаци против град

Во мај 2023 година Управата за хидрометеорлошки работи соопти дека не може да најде една од компонентите што е составен дел на реагенсот. Проблемот се адресираше на војната во Украина

Замјоделците кои огорчено ги сумираат штетите поради обилните дождови и градот што паѓаше изминатва недела на социјалните мрежи постојано алармираат и прашуваат: „Каде се градобијните ракети?“

Експертите со кои разговаравме, потсетуваат дека од 2020 година има нов метод со кој се регулира заштитата при врнежи од град, авионско засејување облаци, а кој целосно од употреба ги исфрли градобијните ракети. Но, она што е катастрофа, е што веќе една година воопшто не се врши засејувањето затоа што нема реагенси!

Во мај 2023 година, Управата за хидрометеоролошки работи соопшти:

„Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода што успешно се спроведуваше од 2020 година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на една од компонентите што е составен дел на реагенсот, која се користи исто така и во ракетните горива. Поради тоа, ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси се стабилизира, повторно ќе распишеме нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување“, соопштија од УХРМ.

Авионското засејување го прави Аероклубот Скопје. Оттаму ни потврдија дека веќе една година немаат таков ангажман.

Противградобијните ракети што се употребуваа порано се лансираа од земја. Тие беа поставени низ државата во седумдесеттите години на минатиот век. Во државата имаше околу 300 станици со противградобијни ракети. Овие ракети имаа дострел од шест километри и го испуштаа реагенсот сребро-јодид за разбивање на облакот, истиот реагенс што сега се користи во таканаречените палки што „испловуваат“ од авионите. Но, и кога го имаше овој реагенс, проблем беше што од сите аеродроми од каде што можеше да се полетува, само Скопје има услови за ноќно полетување. Сепак, глобалната оценка беше дека ваков вид одбрана од град е побезбедна од ракетите од земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот