Повеќе од 3.600 хемикалии пронајдени во човечко тело: Ризикот од токсични материи се зголемува

фото: Shutterstock/PeopleImages.com - Yuri A

Повеќе од 3.600 хемикалии кои се во контакт со храна се пронајдени во човечката крв, коса и мајчиното млеко, покажуваат најновите истражувања, кои нагласуваат дека ризикот од изложеност на токсични материи е недоволно регулиран, пишува Гардијан.

Овие хемикалии се поврзани со предизвикување рак, нарушување на хормоните и други сериозни здравствени проблеми, според истражувањето „Доказ за широко распространета човечка изложеност на хемикалии во контакт со храна“ објавено во стручното списание „Journal of Exposure Science & Environmental Epidemiology“.

Многу oд супстанциите во САД се одобрени со ограничен надзор според правилото на Управата за храна и лекови на САД, што конкретно значи дека хемикалиите може да се користат во контакт со храна со многу мал надзор.

Пластиката е материјал чија употреба е во голема мера нерегулирана и кој може да содржи илјадници хемикалии, како силикони и токсични или слабо проучени соединенија.

Потрошувачите можат да се заштитат со купување храна во стаклени тегли или со вадење храна од пластични садови или контејнери за еднократна употреба купени во продавница и префрлање во стаклени тегли дома, пишува Гардијан.

Факторите кои можат да доведат до наоѓање хемикалии во храната се повисоки температури, содржина на маснотии и киселост, како и несоодветно пакување на производите, се наведува во истражувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот