„Потроши 250 илјади фунти на операции“: Хирург ги откри тајните на Деми Мур, која тврди дека не правела естетски корекции

Фото: EPA / Justin Lane

Американската актерка Деми Мур важи за една од најубавите жени во Холивуд, која изгледа младолико и покрај тоа што има 60 години.

Многумина се прашуваат како актерката успева да го одржи младешкиот изглед, а некои сметаат дека за тоа се заслужни естетските зафати. Од друга страна, Мур во неколку наврати негираше дека направила операции.

Пред три години, Мур се појави на модна ревија и ги поттикна шпекулациите дека направила естетска операција. Нејзините образи тогаш изгледаа пополни и поистакнати од вообичаено, а многумина рекоа дека изгледа непрепознатливо. Иако актерката се обиде да демантира, промената беше очигледна.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Наводно, актерката направила операции вредни 250.000 фунти – импланти на гради, операција на носот и неколку процедури против стареење, пишува „Дејли мејл“.

Во разговор за списанието „Хелоу“, естетскиот хирург Марк Соломос вели дека Мур започнала со пластичните операции уште во младоста, а тоа може да се види на нејзиното лице и тело. Според него, актерката ги подигнала усните, ринопластика и користела ботокс. Тој кажа и дека е можно актерката да го подигнала лицето и вратот и истото да го направила и со очните капаци.

„Сето ова е видливо во пределот на носот. Брчките се минимални, што не е вообичаено за оние кои не користат некаква форма на подмладување“, тврди тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот