Потрес во кошаркарска Европа, Панатинаикос на продажба

Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на Панатинаикос го стави клубот на продажба за 25 милиони евра.

Јанакопулос кој неколку години е во „вербална“ војна со првиот човек на Евролигата, Жорди Бертомеу, најави дека е голема веројатноста „зелените“ од Атина да го напуштат ова натпреварување и да се преселат во Лигата на шампионите во организација на ФИБА.

– Евролигата е црна кутија. Екипите не знаат каде одат приходите, Евролигата го допре дното и тоа благодарение на Жорди Бертомеу. На последната прес конференција претставниците на Реал Мадрид изјавија дека Евролигата не може да постои без Панатинаикос. Им благодарам за тие зборови и нека му ги пренесат истите и на Бертомеу – вели Јанакопулос кој се надева дека Лигата на шампионите ќе ја згасне Евролигата.

– Евролигата конечно доби вистински противник, Лигата на шампионите е организација во подем и е подготвена да ја згасне Евролигата. Пред две години не беа подготвени, но сега состојбата е поинаква – тие се подготвени – додава контроверзниот сопственик на Панатинаикос.

Јанакопулос ја шокира јавноста со откритието дека го ставил осумкратниот европски шампион на продажба и тоа за 25 милиони евра.
– Панатинаикос е на продажба за 25 милиони евра. Го напуштам ПАО како шампион и со крената глава. Го завршив своето во Панатинаикос, одлуката е дефинитивна и конечна. Што се однесува до излегувањето од Евролигата, тоа уште не е решено. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот