Потона најновата кинеска нуклеарна подморница, тврдат американските власти

Подморница. / Фото: Профимедиа

Напорите на Кина да ја достигне поморската воена рамнотежа со САД претрпе сериозен удар откако нејзината најнова нуклеарна подморница, опремена со најсовремена технологија, потона во пристаниште близу Вухан, потврдија американските власти.

Како што наведуваа светските новински агенции сè уште не се знае причината поради која најновата кинеска подморница на нуклеарен погон од класата Џоу потонала. Ова се случило во првата половина на оваа година, изјави висок функционер од американското министерство за одбрана, што би можел да биде голем удар за Пекинг додека се обидува да ги прошири своите воени способности.

„За ова се дозна благодарение на сателитски снимки, и покрај напорите на комунистичките власти да го заташкаат инцидентот. Се верува дека подморницата била покрај пристаништето кога потонала“, изјави овој функционер.

Според „Волстрит журнал“, кој прв ја објави веста, Кинезите успеале да ја извлечат подморницата, но се верува дека ќе бидат потребни месеци пред да биде ставена во функција.

Кина веќе ја има најголемата морнарица на светот, со повеќе од 370 бродови и почна да произведува нова генерација нуклеарни подморници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот