Опасен астероид помина покрај Земјата на далечина од 300.000 километри

Фото: Needpix

Потенцијално опасниот астероид „2024 МК“ помина покрај Земјата на оддалеченост од околу 300.000 километри, соопшти Институтот за применета математика „Келдиш“ при Руската академија на науките.

Инаку, „2024 МК“, релативно голема вселенска карпа што ѝ припаѓа на групата Аполо, беше следен од телескопски мрежи додека минатата ноќ помина на околу 300.000 километри покрај Земјата, соопшти Институтот, а пренесува „Спутник интернешенал“.

Според Европската вселенска агенција, астероидот „2024 МК“ првпат е откриен на 16 јуни, а се проценува дека е со големина помеѓу 120 и 260 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот