Портпаролката на француската влада нападната во пресрет на вториот круг од парламентарните избори

Портпаролката на француската влада Приска Тевено била нападната за време на кампањата, само неколку дена пред вториот круг од парламентарните избори, соопштија денеска официјални лица.

– Тевено, кандидат за пратеник од алијансата предводена од Макрон, нејзиниот заменик и партиски активист, лепеле изборни плакати синоќа пред вториот круг од парламентарните избори закажан за 7 јули, кога биле нападнати од група млади мажи – изјави премиерот Габриел Атал.

Медиумите објавија дека Тевено не е повредена и дека ќе ја продолжи кампањата, но дека нејзиниот заменик и партиски активист се хоспитализирани. Засега нема информации за нивната здравствена состојба.

Обвинителството соопшти дека отворило истрага, но не прецизираше што бил мотивот на напаѓачот. Четири лица, меѓу кои три малолетни, се во притвор, соопшти Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот