Портпаролка на Белата куќа: Бајден „знае како да се врати“ по лошата дебата

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден може да се врати од неговата лоша дебата минатата недела, додавајќи дека нема потреба тој да ги докажува своите когнитивни способности.

„Тој знае како да се врати“, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Таа додаде дека медицинскиот тим на Бајден претходно соопштил дека когнитивен тест за Бајден (81) „не е потребен“.

За време на телевизиската дебата со неговиот ривал и претендент да седне повторно во Белата Куќа, Доналд Трамп, Бајден се покажа како недоволно уверлив во своите одговори и беше под постојан напад од страна на републиканскиот кандидат.

Бајден му порача на Трамп дека тој бил најлошиот претседател во историјата на САД, а тој му возврати дека потребно е да направи тест за когнитивни способности кои ќе покажат дали е бодготвен да ги води САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот