Поранешниот репрезентативец на БиХ, Миралем Пјаниќ кариерата ја продолжи во Русија

Фото: CSKA Moskva

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ кариерата ја продолжи во Русија во редовите на ЦСКА Москва.

Рускиот клуб преку социјалните мрежи го потврди трансферот на Пјаниќ кој пристигнува како слободен играч.

Пјаниќ пред неколку дена објави дека се пензионира од репрезентацијата истакнувајќи дека сака да им остави простор на помладите фудбалери.

Во текот на кариерата Пјаниќ го носеше дресот на: Мец, Лион, Рома, Јувентус, Барселона, Бешикташ и Ал Шарјан од Обединетите Арапски Емирати кој беше негов последен клуб пред да пристигне во Русија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miralem Pjanić (@miralem_pjanic)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот